ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ – БЕТОНИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „ЧЕТВРТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА“

април 13, 2023
0 минути

Деновиве завршуваат градежните активности за бетонирање на крак од улицата „Четврта македонска бригада“.

Станува збор за обновување на бетонскиот слој којшто беше раскопан од комунални интервенции и од пороите во невремето што се случи во јули минатата година.

Кракот е долг 34 м, а широк 3,5 метри. Градежните работи се реализираа од ГО „Калина“ – Оризари, со средства од општинскиот буџет.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ