ГОСТИТЕ ШТО ДЕНЕС ВИКЕНДОТ ГО ПОМИНАА НА „ПОНИКВА“ „УЖИВАА“ ВО ГЛЕТКАТА ОКОЛУ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

април 16, 2023
0 минути

Големиот празник Велигден голем број на туристи го искористија да заминат на „Пониква“ и да поминат еден убав ден.

Како што ни јавува наш читател кој додека слегувал од Пониква се разминал со повеќе возила  сигурно сите тие „уживале“ во глетката што ја имале кога помилувале кај Градската депонија.

„Денес додека се враќав од Пониква голем број посетители со возила заминуваа во обратен правец. Сигурен сум дека „уживале“ во глетката кај Градската депонија. Смет на сите страни а депонијата чадеше како некогаш парните локомотиви. И овој расфрлан смет по патот не е од денес, го има подолг период но нема кој да го собере туку е оставен самиот да се исчисти. Ајде што ние сме навикнати на сето ова ама што ќе речат туристите кои имаат желба да отидат на Пониква. Еднаш ќе појдат и верувам никогаш нема да сакаат повторно да ја посетат. Време е да почнеме да се грижиме за природата, но и за нашето здравје а богами и за туристичките убавини кои токму природата ни ги има подарено“.

Како што не информира нашиот читател фотографиите се од денес.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ