ПОФАЛНИ ЗБОРОВИ ЗА РАБОТАТА НА БОРЕЧКАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА НА КОНГРЕСОТ НА СВЕТСКАТА БОРЕЧКА ФЕДЕРАЦИЈА

Во Спорт
април 16, 2023
1 минути

Во пресрет на Европското првенство во борење чиј домаќин е градот Загреб (Република Хрватска), денес Конгрес одржа Светската Боречка Федерација (UWW).

На конгресот на кој присуствуваа претставници од сите членки на федерацијата  забележително беше и присуството на Претседателот на Боречка Федерација на Македонија Дејан Богданов и Секретарката на Федерацијата Драгана Савева.

Се разговараше за апликациите за Организација на Европски и Светски Првенства од 2023-2026 година.

Меѓу Федерациите кои имаат аплицирано за организирање на првенства од повисок ранг е и Боречката федерација на Македонија чии апликации се за следниве првенства:

– Балканско Првенство У15 и У17 во 2024 година;

– Светско Првенство У23 во 2024 година;

– Олимписки Квалификациони, како и  Европски и СветскиТурнири во 2024 и

– Европски Првенства У17 во 2025 и 2026 година

Конечна одлука за тоа кои ќе бидат државите во кои ќе се одржуваат овие натпреварувања ќе биде донесена до крајот на годината, а од Боречката Федерација на Македонија се надеваат дека ќе бидат домаќини барем на едно од наведените првенства.

На конгресот од страна на Претседателот на Светската Боречка Федерација г-дин Ненад Лаловиќ беа упатени пофални зборови за Боречката Федерација на Македонија за неколкуте мошне успешно организирани проекти во текот на минатата и оваа година, како и за големиот напредок на Федерацијата речиси на сите полиња.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ