КОГА ЌЕ СЕ ЗАМЕНАТ ДОТРАЈАНИТЕ МЕРМЕРНИ ПЛОЧИ СО ГРАНИТНИ?

април 25, 2023
1 минути

Поминаа две години откако дотрајаните и оштетени плочи во ГТЦ во Кочани се заменија со црни гранитни кои не само што даваат поубав изглед на комплексот ГТЦ, туку и се покажаа дека се подобри од претходните.

 

Од целиот дел на ГТЦ останува уште да се заменат мермерните плочи околу блокот А па да целиот комплекс биде идентичен. Посебен е проблемот со мермерните плочи пред влезот на блокот А. Доста се оштетени а и поради не одржувањето не личат на она што го водела идејата главниот архитект.

Можеби некој ќе рече дека Општинската каса нема средства за таков зафат, но ако се знае дека општината го наплатува просторот околу блокот А од угостителските објекти (простор што е на станарите а не на општината)  и се собираат не мала количина на средства тогаш ако се сака може и оваа идеја која постои од поодамна да се реализира.

Оштетениот мермер на плочникот пред влезовите на блок А е толку оштетен што по обичните врнежи од дожд создава проблем и на станарите кои имаат сопствени гаражи во подрумскиот дел но и на трговските објекти. Да е само плочникот проблем не е, проблем се и оштетените слепеници на јужниот и северниот дел на комплексот.

Ајде време е оваа идеја да се претвори во реалност.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ