ПО ПОВЕЌЕ ГОДИНИ ПАУЗА „СПАРТАК“ СО СВОЈ ПРЕТСТАВНИК НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО

април 28, 2023
1 min read

По повеќе од една деценија пауза конечно Боречкиот Клуб „Спартак“ од Кочани ќе има свој претставник на едно Балканското првенство.

Дарјан Павлев како член на репрезентацијата на Македонија од 4 до 7 Мај ќе настапи на Балканското првенство во борење слободен и грчко римски стил за момчиња и девојчиња У-15 и У-17 кое ќе се одржи во Серез (Грција).

За своето деби на едно вакво поголемо натпреварување Павлев се избори откако го освои првото место на Изборното првенство У-15 а месец дена подоцна го повтори успехот и на Државното првенство  У_15 во категоријата до 57 килограми.

„Добро сум подготвен. Изминатиот период навистина многу работев за да можам да направам добар резултат на Балканското првенство. Иако ова ми е прв настап на едно вакво големо натпреварување со оптимизам заминувам за Грција. Со добра жрепка се надевам дека ќе можам да освојам и медал. Верувам во себе и во своите можности“ ни рече деновиве Павлев откако одработи уште еден пеколен тренинг.

Инаку нашата репрезентација и во двете категории У-15 и У-17 ќе настапи во комплетен состав а и двете категории ќе бидат надополнети со по 4 девојчиња.

Тренер на екипата е Горан Атанасов од Радовиш а репрезентативците заминуваат на 4 Мај.

Се надеваме на добри вести од Балканското првенство.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ