Во Недела со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од 22-то, последно коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.
Пред почетокот на натпреварот предвидена е мала свеченост на која и официјално ќе биде прогласен Шампионот во годинешното првенство „Осогово“ кое ја пречекува екипата на „Тиверија“ која годинава слави еден век постоење.
На преостанатите четири натпревари се очекува отворен и ефикасен фудбал.
Двојки од 22-то коло:
„Осогово“ – „Тиверија“
„Брегалница сениори“ – „Вардарски“
„Рудар“ – „Малеш“
„Овче Поле“ – „Дојранско Езеро“
„Академија Чешиново-Облешево“ – „Спартмани“
Слободна во ова коло е екипата на „Карбинци“.
С. Ивановски