Во организација на Џудо Федерацијата на Македонија, денес во Скопје се одржа „Државното првенство за деца и млади до 23 години“.
На првенството ЏК „Гладијатор“ од Кочани учествуваше со 5 натпреварувачи кои освоија еден златен и еден сребрен медал.
Првото место и златниот медал во категорија + 50 килограми се најде на градите на Габриел Станоев, додека среброто во категоријата до 42 килограми го освои Петар Новков.
Дамјан Крстов не успеа да дојде до третото место иако имаше шанса за такво нешто, додека преостанатите двајца натпреварувачи Надица Наунова и Станислав Грпов останаа без пласман.
Како што истакна Драган Шеќероски тренер на ЏК „Гладијатор“ тој е задоволен од денешниот настап, но се надева дека со поголема среќа при жрепката и останатите џудисти во блиско време ќе се најдат на едно од местата на пиедесталот.
С. Ивановски