Годинешното предавање на штафетата по повод 25-ти Мај која ЗГ „Јосип Броз Тито“ со години ја негуваше и ја направи една од традициите на Кочани не се одржа.
Денес само 3-4 возила украсени со знамињата на Југославија и на Македонија тргнаа од платото пред спомен домот „АСНОМ“ па преку улиците „Кеј на Револуцијата“, „Теодосија Паунов“, „Стево Теодосиевски“ и „Маршал Тито“.
Дали со прекинувањето на предавањето на штафетата се заврши една традиција допрва ќе видиме.
Кои се причините? и тоа наскоро ќе се разбере.
Но празникот 25-ти Мај кој со години се слави како „Ден на младоста“ и воедно роденден на Маршалот „Јосип Броз Тито“ не заслужи ваква прослава посебно од страна на неговите следбеници.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ