ПОЗНАТИ ДВОЈКИТЕ ВО БАРАЖ НАТПРЕВАРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
мај 25, 2023
0 минути

По извршената жрепка за одредување на двојките за бараж натпреварите за влез во Втора Фудбалска Лига, ФФМ експресно ги одреди и градовите домаќи. Навидум сите ќе играат на неутрален терен, но дали е баш така!?

Натпреварот „Осогово“ – „Тетекс“ ќе се игра во Скопје, „Вардар“ (Неготино) – „Новаци“ во Кичево а „Башкими“ – „Влазрими“ во Тетово.

Дали е баш се според пропозициите, тешко некој да поверува. Кочани од Скопје е оддалечено повеќе од 100 километри а Тетово само 30 километри, „идеална“,  „без грешка“ одредена.

Симптоматично е и што два од трите натпревари се играат во Западна Македонија а еден во Скопје, како на Истокот да не постојат терени и овде како да нема заинтересирани за следење на фудбалски натпревари.

Ама некој сакаше така да биде, и бидна.

Друга е темата првопласирани екипи да играат бараж за влез во повисок ранг. Е такво нешто има само кај федерација во која се знае кој командува и кои делегати кои фамилијарно корени таму фатија сето тоа го именуваат.

С.  Ивановски