Реакциите на граѓаните на Кочани продолжуваат кога е во прашање недомаќинскиот однос на надлежните компании во градот. Како што ни јавуваат веќе трета седмица како била ископана улицата кај венчалната сала, по завршувањето на работите нафрлан е песок реда ради и работниците си заминале и не се вратиле да ја доведат улицата во првобитната положба.
Зачудува за недомаќинскиот однос кон учесниците во сообраќајот бидејќи овој потег е доста фреквентен па секое минување из тој дел посебно во вечерните часови доведува до оштетување на возилата.
Иронијата да биде поголема ваквото однесување од фирмите изведувачи на овие работи како никому да не му смета, иако зграда на Општина Кочани е оддалечена дваесетина метри а во непосредна близина е и салата за венчавање.
Нешто мора да се менува, ако некој не знае да ја доврши започнатата работата нека се бара друг изведувач, но наместо општината дополнително да треба да плаќа, трошоците нека бидат на товар на оној кој не ја завршил започнатата работа до крај, инаку овој циркус ќе продолжи во недоглед.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ