КОЧАНЧАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ОТКАКО БИЛ УДРЕН ОД ТОВАРНО ВОЗИЛО

септември 27, 2022
0 минути

На 26.09.2022 во 14.34 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Роза Петрова“ во Кочани, товарно возило „цитроен“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(30) од Штип, удрило во К.М.(68) од Кочани.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.М., констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ИЗВОР: Дневни билтени од МВР