ВО БИБЛИОТЕКА „ИСКРА“ ОТВОРЕНО 15-ТОТО ИЗДАНИЕ „САЕМ НА КНИГАТА“

декември 1, 2021
1 min read

Во присуство на највалидните од училиштата и Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, денес во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра“ во Кочани беше отворено 15-тото издание на „Саемот на книгата“.

Поради пандемијата со Ковид-19 годинешното издание е во редуцирана форма, односно свои излагање на книги имаат само две издавачки куќи „Полица“ и „Култура“.

„Саемот всушност е начин да се развива културата на читање и да се мотивираат најмладите што повеќе да се дружат со книгата. Саемот на книгата е настан за поздравување на кој поради пандемијата учествуваат само две издавачки куќи, но очекувам со завршување на пандемијата да имаме можност да видиме што повеќе издавачки куќи и посетители. Само така пишаниот збор ќе бие проширен до најмладите генерации и кај сите граѓани на Кочани“, рече Папазов.

Околу годинешното издание на „Саемот на книгата“ директорот на Библиотека „Искра“ Коце Стојменов дециден: Саемот ќе трае три дена, односно до 3. декември. И покрај пандемијата, направивме напори да го организираме саемот во скратено издание и со почитување на сите препорачани мерки од Владата за заштита од пандемијата. Нашите планови се од почетокот на идната година на месечно ниво да организираме мини саеми на книгата за нашите сограѓани. Се надеваме дека пандемијата побрзо ќе заврши за да се вратиме на оној стандарден на начин на организирање на Саем на книгата со повеќе издавачи куќи“.

Се очекува годинешниот „Саем на книгата“ да го посетат голем број вљубеници во убаво напишаниот збор како и дечиња ид училиштата во Кочани.

С. Ивановски