ОТСТРАНЕТ ДЕФЕКТОТ НА ГЛАВНИОТ ЦЕВКОВОД ЗА ВИСОКА ЗОНА

јуни 20, 2023
1 min read

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона.

Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои беа во прекин.

Дефектите од ваков обем претставуваат сериозен и комплексен проблем кој бара време и ангажман на повеќе фактори за целосно санирање, па поради тоа им благодариме на корисниците за нивното трпение и разбирање.

Исто така ја информираме јавноста дека по намалување на водостојот на Кочанска Река дополнително ќе биде преуредено речното корито.
КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ