ПАТНИОТ ПРАВЕЦ „КОЧАНИ – ГРАТЧЕ“ СО НАМАЛЕНА ПРЕГЛЕДНОСТ

јуни 25, 2023
1 минути

Обилните дождови си го сторија своето. Вегетацијата е се побујна и веќе на некои места претставува проблем. Таков е примерот и со патниот правец „Кочани-Гратче“ каде на повеќе места поради високата трева и нависнатите гранки прегледноста е мала. Тоа е проблем и за возачите, нои уште поголема за минувачите, поточно за оние кои овој патен правец го користат за релаксација.

Пред околу два месеци потегот беше уреден, тревата беше искосена а гранките што пречеа беа исечени, но сега повторно е истата слика ако не и полоша од пред повеќе од два месеци.

Рекреативците  апелираат до надлежните служби ако е можно да се што побргу организираат и овој патен правец да се исчисти за да може и безбедноста да му биде поголема, вака како што е сега претставува проблем за сите кои по него поминуваат.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ