ОД „ОСОГОВО“ ПОРАЧУВААТ: ПОБЕДНИЧКАТА СЕРИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ВО ГРАДСКО

Во Спорт
декември 3, 2021
1 минути

Продолжуваат натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток. Се игра 13-тото коло во кое има неколку интересни и крајно неизвесни натпревари.

Добрата и ефикасна игра на „Осогово“ во последните две кола донесе радост и кај играчите и стручниот штаб а и кај навивачите. Токму добрата и ефикасна игра влева оптимизам и пред гостувањето во Градско, каде кочанчани патуваат по нови три бода. Екипата на „Локомотива“ не ја потценуваат, но веруваат во своите можности.

Дерби натпреварот се игра во Прилеп каде првопласираните две екипи се борат и за есенската и за шампионската титула.

„Рударите“ од Каменица Саса се пред голем испит во Радовиш, додека „Кит Го“ и „Беласица“ се фаворити но само на хартија.

Двојки за 13-тото коло:

„Локомотива“ – „Осогово“

„Детонит Јуниор“ – „Каменица Саса“

„Победа“ – „Слога 1934“

„Кит Го“ – „Братство“

„Беласица“ – „Кожуф“

Натпреварите започнуваат во 13:00 часот.

С. Ивановски