ОУ ,,Св.Кирил и Методиј“ Кочани во соработка со Општина Кочани и Министерство за образование и наука започна проект за целосна санација и реконструкција на санитарните јазли во училиштето.
Со овој проект е предвидено целосно реновирање на санитарните јазли на приземјето и на меѓукатот во училиштето, со отстранување на 274,22 м2 стари керамички плочки и поставување нови, како и замена на целокупната стара доводна водоводна и електрична инсталација со нова, замена на старите санитарни елементи и PVC-врати.
Се очекува проектот за реконструкција да заврши до крајот на летниот распуст.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ