Ништо од најавите дека денес Среда (среќно) ќе биде прозивката и дека и официјално ќе започнат подготовките на „Осогово“ за настапот во втората Фудбалска Лига.
Наместо играчи, тренери, управа, медиуми и по некој загржен навивач на кочанскиот второлигаш, празен терен празни трибини.
Единствено нешто што денес можеше да се слушне на стадионот „Никола Мантов“ беа разлитаните и вознемирени птици кои како да го најавуваа новиот дождовен бран.
Сето тоа денес беше пред дождот, а после дождот ќе почекаме да дојде Сабота.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ