ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ОД ПЛАНИРАНИТЕ ТРИ, ОДИГРАНИ ДВА НАТПРЕВАРА

јули 5, 2023
0 min read

Продолжија возбудувањата на годинешниот Петровденски турнир во мал фудбал. Денес на програмата беа три, но за жал гледачите видоа само два натпревари.

Екипата на „Еуро петрол“ не се појави на теренот иако нивните противници „Ефремови“ допатуваа од Штип. Некоректно и кон противниците и кон гледачите а најмногу кон организаторите на турнирот.

Сепак два натпревари им пружија на гледачите добар и ефикасен но и коректен фудбал.

Екипата на „Џинџер бар“ ја совлада екипата на „Голден бојс“ со 6:3 (1:1). Самиот резултат покажува дека во првото полувреме во кое беа постигнати два погодока се играло доста внимателно, за да второто полувреме гледачите бидат сведоци на ревија од седум погодоци.

Во угостителското дерби екипата на „Аледар“ славеше против „Филитеа“ 4:2 (2:1). Самиот резултат зборува за неизвесноста на натпреварот во кој сепак победи за нијанса подобриот.

Утре е слободен ден

С.  Ивановски