ИНСТИТУЦИИТЕ МОЛЧАТ, ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА МИНИ ХИДРОЦЕНТРАЛАТА

јули 6, 2023
1 минути

Додека локалните институции и екологистите молчат, деновиве започна изградбата на мини хидроцентралата на Мала река. Прекрасната природа околу „местото на злосторството“ веќе е уништена, ја нема повеќе онаа убавина каде старите кочанчани одеа на излети и на мајските прослави. Се е уништено, а машините работат ли, работат.

Иако сите на социјалните мрежи беа храбри и пишуваа дека нема да дозволат изградба на мини хидроцентрала, сега се загубија во маглата на ова сончево време.

Никаде ги нема екологистите, СРЗЕК „Кочански рибар“, советниците, и надлежните во Локалната самоуправа за да се охрабрат и да кажат СТОП за изградбата на мини хидроцентралата.

Ако инвеститорот по се изгледа добил согласност да го  користи локалниот пат до Гратче кој е во надлежност на Локалната самоуправа, повеќе од јасно е дека работата за изградбата е завршена.

И додека по ова сончево време проследено со дождови сите бистрат политика ,работите ќе се одвиваат онака како што некој замислил, а утре кога ќе биде се завршено ќе се јават токму оние кои денес можеа тоа да го спречат но само од ним познати причини се прават и слепи и неми.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ