ПОЧНУВА СО РАБОТА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО КОЧАНИ

јули 7, 2023
0 min read

Од сабота, 8 јули, почнува со работа Градскиот базен во Кочани. Извршени се контролите и последните подготовки на овој објект наменет за капење и летна разонода.

Според одговорните служби, покрај големиот базен, за употреба се подготвени и двата мали детски базена. Веќе се најавени и активности на три пливачки школи од Кочани. Градскиот базен ќе работи секој ден од 10 до 18 ч., а влезницата е 100 денари.

В недела, 9 јули, од 12 до 18 ч., во кругот на летниот комплекс „Аква“, под наслов „6 часа урбан здив“ ќе  бидат приредени повеќе содржини од програмата на општинската манифестација „Петровден 2023“. Ќе настапат диџеи, ќе има акустичен концерт, изложба на македонски музички плакат…

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ