КЈП „ВОДОВОД“ – КОЧАНИ: И З В Е С Т У В А Њ Е

јануари 25, 2023
1 минути

Врз основа на член 76 став (1) од Законот за минерални суровини (Службен Весник на Република Македонија бр. 136/12,25/13,93/13,44/14,160/14,129/15,39/16,53/16,120/16,189/16и 7/19), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 28 јануари 2020 година донесе Тарифник за утврдување на висината на надоместоците за издавање на дозволи и концесии за вршење детални геолошки истражувања и концесии за експлоатација на минерални суровини.

Согласно Законот за минерални суровини, КЈП „Водовод“ Кочани како концесионер за експлоатација на минерална суровина –Геотермалана вода, секоја година најдоцна до 31 декември во тековната година врши усогласување на надоместокот за експлоатација на ГТВ согласно дадената формула Kn=(Em*(M1- HC)*K) и според просечната рафинериска цена на мазутот во ден/кг од предходната календарска година.

Согласно Законските прописи КЈП „Водовод“ изработи калкулација за утврдување на цена на м3 геотермална вода за 2023 година, усогласувајќи го надоместокот за концесија кој е составен дел од цената на геотермална вода за м3 согласно Тарифникот за пресметка на надоместоци за експлоатација на минерални суровини и истата е доставена и усвоена од страна на Управен Одбор со Одлука број.02-458/4 од 23.12.2022 година.

Надоместокот за концесија се утврдува на основа просечната рафинериска цена на мазутот во 2022 година која изнесува 51,223 ден/кг, помножена со 4,41 кг мазут и коефициент на зафаќање од 0,075, односно надоместокот за концесија за екслоатација на минерална суровина геотермална вода за 2023 година по м3 изнесува 16,94 денари(51,223*4,41*0,075=16,94).

Поаѓајќи од последната цена за м3 ГТВ усвоена со Одлука на Советот бр.09-2207/1 од 14.11.2022 година која изнесува 61,90денари (49,89ден/м3 +12,01 ден. За концесиски надоместок), се врши усогласување за износот на концесискиот надоместок од 16,94 денари, односно новата цена на геотермална вода по м3 треба да изнесува 66,83 денари (49,89+19,94=66,83) и истата ќе се применува по добиена согласност од Советот на Општина Кочани.

Новата цена на ГТВ споредена со цената која се применуваше досега врз основа на Одлука на Советот бр.09-2207/1 од 14.11.2022 година. На износ од 61,90 денари бележи зголемување за 4,93 денари како резултат на зголемениот концесиски надоместок од 12,01 ден. на 16,94 ден., кој КЈП „Водовод“ Кочани согласно законот за минерални суровини мора да го пресметува и да го уплаќа на сметка на Министерството за финансии.

25.01.2023

КЈП „Водовод“ Кочани