ЈЗУ ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ: ИЗВЕСТУВАЊЕ

мај 15, 2023
1 минути

По повод хајката која се води против Општа болница со проширена дејност Кочани од педесетина ,,хејтери,, на социјалните мрежи Стручниот колегиум во состав: Д-р. Томе Солевски-хирург, Д-р. Димитар Скоробогач-анестезиолог, Д-р. Јорданка Анѓелеска-интернист, Д-р. Илчо Атанасовски-гибеколог акушер, Д-р. Марија Јорданова-педијатар, Д-р. Кристина Серафимова-невролог, Прим. Д-р. Драгана Могилвеска Груевска-радиодијагностичар и Д-р. Магдалена Денова-офталмолог, за појаснување на јавноста го дава ова известување,

Почитувани ова е заклучокот од состанокот на ден 15.05.2023 год.,

Општа болница со проширена дејност-Кочани е со дејност специјалистичко консултативна, што значи само специјалистот во дадениот момент самостојно одлучува за понатамошниот тек на лекувањето на болниот односно дали пациентот ќе остане на болничко лекување, ако е неопходно или ќе биде препратен во институции од терцијален карактер, што се однесува и за менаџментот и за неговата успешност оцена дава Министерот на основа на факти а тие се дека сме болница која има 82% остварување од средствата добиени од Фондот, што е едно од највисоките проценти во државата, за споредба во 2017 е помалку од 50% , овој менаџмент јавниот долг го намали од 28.000.000,оо денари на заклучно со 30.04.2023 год. на 5.308.199,оо денари, од кои кон ЈЗУ Институт за трансфузија и Медицински факултет-Скопје – 4.881.149,оо денари и 427.023,оо за гориво, што е несомнен успех. Овој менаџмент нема исплатено ниту една дневница за службено патување или репрезентација, а внатрешните членови на Управниот одбор работат про боно, односно бесплатно. Исто така, напоменуваме дека медицинските објекти се во сопственост на Владата на РСМ, а општествените добра не ги уништуваат вработените во болницата, и досега не сме забележале дека некој вработе вади и уништува плочки, фрла во тоалетите пластични шишиња, влечки и друг кабаст материјал.

Свесни сме дека во овие тешки времиња на економска и здравствена криза најдовме начин да се справиме со истите. Затоа, предизвикува чудење на сите нас од каде толку гнев и анимозитет кон нашата Институција. После на ненајавената посета на нашата институтција од Министерот за здравство на РСМ, Д-р. Фатмир Меџити на 04.05.2023 год. и нерговата констатација за состојбите во нашата институција-болница, со посета на сите болнички одделение и Итна мед. помош, и не најде забелешка.

Напоменуваме дека против лажните вести и говорот на омраза и повикување на секаков начин за дискредитација на установата ќе бидат известени надлежните органи.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност-Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ