ПОЖАР ВО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО СЕЛО ДОЛНИ ПОДЛОГ

август 4, 2023
0 минути

На 03.08.2023 во 22.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во с.Долни Подлог, кочанско, настанал пожар во деловен објект, сопственост на локалната самоуправа, а под наем го користел М.Д.(67) од с.Долни Подлог.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема.

Соопштение  од  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ