КОЧАНЧАНКА ПРИЈАВИЛА ДЕКА И БИЛА ЗЛОУПОТРЕБЕНА ЛИЧНАТА КАРТА ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ

август 4, 2023
1 минути

На 03.08.2023 во 17.00 часот во ОВР Пробиштип, 44-годишна жена од Кочани, со живеалиште во Пробиштип, пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање на брзи кредити.

Според пријавеното, на социјалната мрежа фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка со цел уплата на средства за донација за лекување на нејзиното болно дете. Како што е пријавено, во текот на денот со порака на фејсбук едно лице и ја побарало личната карта за уплата на средства за донација, а по кратко време на сметката и биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

Исто така, според пријавеното, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице и се претставило како сопственик на фирма и ја известило дека наводно по грешка извршиле уплата на пари на нејзината сметка и побарало парите да му ги врати и да ги испрати по такси возило во Скопје.

Таа се посомневала дека е измамена и настанот го пријавила во полиција. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Соопштение  од  СВР  Штип

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ