На 27 август (недела), Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани ќе го реализира првиот планинарски марш во сеќавање на својот починат член, планинар и другар Стамен Каровски.
На меморијалниот марш што се организира во соработка со Федерацијата на планинарски спортови, а со поддршка од Општина Кочани, планинарите ќе се искачат на врвот Панаѓур, на 1669 м н. в. на Осоговските Планини. Патеката, која членови на ПСК „Осогово“ неодамна ја маркираа, е долга 9 км и е од лесна категорија.
Маршот ќе започне од паркингот на туристичкиот локалитет Пониква и движењето претежно е низ шума.
За љубителите на планината, Општина Кочани организира автобуски превоз од Кочани до Пониква. Пријавувањето за учество на маршот е кај Тошо Антов, претседател на ПСК „Осогово“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ