„ОСОГОВО“  СО  РЕСПЕКТ,  НО  БЕЗ  БЕЛО  ЗНАМЕ  ЈА  ПРЕЧЕКУВА  ЕКИПАТА  НА  „БЕСА“

Во Спорт
август 11, 2023
0 минути

Утре (Сабота) со почеток во 17:00 часот се играат натпреварите од првото коло од годинешното првенство во Втора Фудбалска Лига.

Повратникот во второлигашкото друштво „Осогово“ пред своите гледачи ја пречекува екипата на „Беса“, екипа која во летниот преоден рок доведе најмногу квалитетни играчи и ја истакна кандидатурата за највисок пласман. „Жетварите“ го респектираат својот противник но со доза на оптимизам и без бело знаме ќе излезат да ги одиграат деведесетте минути.

Новиот Шеф на стручниот штаб на Кочанчани Добринко Илиевски на располагање ќе има преди се млад тим со неколку искусни поединци и во една отворена но преди се внимателна игра ќе ја бара шансата за освојување на првите бодови.

Играчите на „Осогово“ за нив во овој деби натпревар голема помош очекуваат и од нивните верни навивачи а тие ветуваат дека ќе го потрошат и последниот атом на снагата само за да ги зарадуваат.

Влезниците за овој натпревар се симболични 100,00 денари.

Двојки за првото коло:

Осогово – Беса

Башкими – Охрид

Победа – Тетекс

Беласица – Пелистер

Новаци – Аресими

Каменица Саса – Скопје

Детонит Плачковица – Вардар (Н)

Кожуф – Караорман

С.  Ивановски