ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАСТАНАТ ПОЖАР КАЈ ГРАДСКАТА ДЕПОНИЈА

август 22, 2023
1 минути

Ја известуваме јавноста дека околу 17 часот е настанат пожар на градската депонија, односно запалена е нискостеблеста вегетација и сува трева. Просторот кој е зафатен од пожарот е тешко пристапен и се наоѓа на самиот крај од градската депонијата и не опфаќа никакви отпадоци, туку исклучиво сува трева.

По добиената дојава за пожар, екипите на КЈП “Водовод” Кочани веднаш излегоа на терен и активно учествуваа во локализирањето на истиот. Во локализирањето на пожарот учествуваше и ТППЕ Кочани со едно возило и 5 пожарникари.

Поради тоа што постои основано сомнение дека пожарот е подметнат, за истиот е известен МВР – ОВР Кочани.

Очекуваме надлежните институции во рамките на своите надлежности да помогнат во расчистување на случајот за во иднина да не се случуваат вакви настани!

КЈП „Водовод“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ