ЈОРДАНЧЕ КОСТАДИНОВ НОВ В.Д. ДИРЕКТОР НА ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ОД ОБЛЕШЕВО

август 23, 2023
1 минути

Пред стартот на новата учебна година дојде до промена во раковорниот орган на училиштето ООУ „Климент Охридски“ – Облешево. Имено, по истекот на мандатот на досегашната директорка на училиштето проф. Драгица Николова, за нов В.Д. директор е назначен Јорданче Костадинов проф.по одд. настава, од истото училиште.

При преземањето на новата функција, ВД директорот истакна дека посветено и целосно ќе се заложи за организирање на работата на училиштето и успешен старт на новата учебна година.

Се преземаат активности околу тековно одржување на училишните простории, осовременување на инвентарот и унапредување на наставниот кадар, со цел навремено прифаќање на учениците на 1-ви Септември оваа учебна година.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ