ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА, „ОСОГОВО“ ЗАГУБЕНИТЕ БОДОВИ ЌЕ ГИ БАРА ВО ПРИЛЕП

септември 2, 2023
1 min read

Поради обврските на фудбалската репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство, натпреварите од 4-тото коло во Втора фудбалска лига наместо денес (Сабота) ќе се играат во Недела со почеток во 16:00 часот.

По трите нули во првите три кола, кочанскиот второлигаш „Осогово“ дел од загубените бодови ќе ги бара на незгодното гостување кај „Победа“ во Прилеп. Жолто-сините имаат лош старт во годинешното првенство но играта со десет играчи што ја прикажаа против екипата на „Башкими“ влева надеж дека „Осогово“ може непоразено да се врати од Прилеп. Посебно радува играта што ја прикажува одличниот Теодор Николовски, како и ветеранот Драган Паунов и секако играчот кој во саботата даде една нова димензија во играта на „Осогово“ по левата страна Стефан Стефановски.  Победа во првите три кола собра четири бода но играта на прилепчани сепак дава надеж дека во недела можат да бидат изненадени.

Двојки за 04-тото коло:

„Победа“ – „Осогово“

„Охрид“ – „Вардар“ (Н)

„Скопје“ – „Караорман“

„Аресими“ – „Кожуф“

„Пелистер“ – „Детонит Плачковица“

„Беса“ – „Каменица Саса“

„Тетекс“ – „Новаци“

„Башкими“ – „Беласица“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ