ИЗБОРОТ НА ЖЕТВАРСКА УБАВИЦА – ЕЛЕКТРОНСКИ, СО ГЛАСАЊЕ НА ФЕЈСБУК

септември 19, 2023
1 минути

Започна изборот на жетварска убавица за 2023 година, кој годинава првпат се реализира електронски, со гласање односно „допаѓање“ (like) на фотографиите на кандидатките објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани.

Во рокот за пријавување, за изборот на жетварска убавица се пријавиле 11 кандидатки, од кои само седум ги исполниле условите за учество.

Кандидатката што ќе добие најмногу „допаѓања“, ќе биде прогласена за жетварска убавица, на настанот со кој официјално ќе започне 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2023“. Според бројот на гласовите ќе бидат избрани и две придружнички на жетварската убавица.

Гласањето ќе трае до петок, 22 септември, до 13 ч.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ