Се одиграа натпреварите од второто коло во Втора Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ на гостувањето во Валандово ја забележаа и втората победа во годинешното првенство. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски со головите на Андреа Донева во 3’36’, Глорија Стојмилова во 13’15’16’58’60’ и Викторија Горгиева во 50’ високо ја поразија домашната екипа „Победа Валандово 16“ со 8:0 (5:0).
Екипата на „Атлетико“ без проблеми високо славеше како гостин против „Порече“ како и „Вардар“ против „Плачковица“. Најинтересниот и неизвесен натпревар се одигра во Охрид каде на крајот славеше некогашниот второлигаш „Борец“.
Резултати од 2-то коло:
„Победа Валандово 16“ – „Кочани“ 0:8
„Вардар“ – „Плачковица“ 4:0
„Порече“ – „Атлетико“ 0:14
„Билјанини извори“ – „Борец“ 3:4
Во следното коло „Кочани“ ќе и биде домаќин на екипата на „Билјанини извори“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ