Во месноста викана Цацков Бунар, во тек е пробивање и тампонирање на пристапен пат со кој за жителите и стопанствениците од тој дел на општината се обезбедува сообраќајна врска со експресниот пат Кочани – Крупиште – Штип.
Според проектот, пристапниот пат е со должина од 425 м и ширина од 4 м. Изведувач на работите е „Стојменов“, а средствата во износ од околу 790.000 денари се од општинскиот буџет.
Стручните служби од Општина Кочани истакнуваат дека оваа патна релација е времено решение за пристап до експресниот пат, бидејќи Општината изработува урбанистички проект со што ќе се добие поквалитетно сообраќајно решение.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ