ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ ПО ПОВОД 23 ОКТОМВРИ

октомври 20, 2023
1 минути

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов упати честитка до сите граѓани, во која се вели:

Почитувани граѓани,

Славејќи ја 130-годишнината од формирањето на македонската револуционерна организација им оддаваме почит на сите кои се бореа и ја поддржаа македонската револуционерна борба, се поклонуваме пред сите борци за слободна и самостојна независна Македонија.

Нивните идеали, пожртвуваност и самопрегор во името на слободата се поттик за континуирани заложби за подобра иднина на сегашните и на идните генерации.

Нека е вековит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба!

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ