ЗГ „ЗА НАШЕ КОЧАНИ“ СО РЕАКЦИЈА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕТО НА СОБРАНИТЕ 3000 ПОТПИСИ ОД ГРАЃАНИТЕ

декември 13, 2023
1 min read

Од: Здружение на граѓани „За наше Кочани“ До: Љупчо Папазов, Градоначалник на Општина Кочани Советници на Совет на Општина Кочани Директори на основните и средните училиишта во Општина Кочани

БАРАЊЕ

За конечно исфрлување на родовите компоненти од Програмата за еднакви можности на жените и мажите и од образовните институции во Општина Кочани. Ова барање се испраќа до горенаведените институции како реакција на наметнатите неприродни и спротивни на науката терминологии, кои директно задираат во секој сегмент на нашата општина, особено во правата на жените и образованието на нашите малолетни деца. Иако родовите идеолози теоретски тврдат дека има разлика помеѓу полот и родот/родовиот иденетитет, сепак според подносителите на предлогот на закон за дополнување на Законот за матична евиденција примен на 13.06.2023 г. и објавен на веб страницата на Собранието на Р.С. Македонија (https://www.sobranie.mk/detali-na-materijal.nspx?param=f9e78e19-fbb9-403f-96d0-5e10c030fac3), термините „род“ и „родов идентитет“ се синоними, а во исто време „родот“ и „родовиот идентитет“ го изедначуваат со полот. Оттука, тие бараат правно признавање на родот/родовиот идентитет со тоа што мажи кои се самоидентификуваат како жени и жени кои се самоидентификуваат како мажи ќе можат непречено и брзо да извршат промена на ознаката за пол во личните документи, согласно нивната субјективна самоидентификација.

„За наше Кочани“ стои на ставот, кој е во унисон со науката, дека полот е бинарен (може да биде само машки или женски) и непроменлив, односно маж не може да стане жена, ниту жена може да стане маж, наспроти антинаучниот став додека „родот“ и „родовиот идентитет“ опфаќаат цела една палета на различни полови/родови кои се флуидни и може да се менуваат. Воедно, потенцираме дека покрај тоа што родот/родовиот идентитет не е легално признат во правните акти, истиот не може да се детектира, т.е. не постои како поим или опис ниту во највисокиот правен акт на Македонија, Уставот.

Со оглед на ваквото поимање на родот/родовиот идентитет и полот, кое се коси со сите досегашни традиционални нормативи и научни сознанија, и со оглед на тоа што не постои закон со кој е правно признат родот, здружението на граѓани „За наше Кочани“ се приклучува на барањето од здружението на родители „Родителски фронт“ и Коалицијата за заштита на децата за итно конечно и целосно исфрлање на родовите компоненти од Програмата за еднакви можности на жените и мажите и од образовните институции во Општина Кочани, кое барање е поткрепено со над 3000 потписи од наши сограѓани. Изрично бараме од директорите да забранат предавања и промоции на родовата идеологија во училиштата, кои досега се спроведуваа без согласност од родителите. Родителите имаат апсолутно право да бидат информирани што учат и да одлучуваат за образованието на своите деца, така што секое понатамошно непочитување на ова наше барање, директно ги нарушува загарантираните родителски права. Бараме од Општина Кочани да постапи согласно постоечките тековни закони, кои правно не го признаваат родот, и да ги отфрлат овие туѓи и штетни терминологии од Програмата за еднакви можности на жените и мажите, со кои се нарушуваат правата на жените и девојчињата доколку прифатиме дека маж може да биде жена по род. Секое понатамошно инсистирање на градоначалникот и советниците на Советот на Општина Кочани дека централната власт треба да изврши проверка и одобрување на одлуката од седницата одржана на 30.10.2023 г. по ова прашање, ќе се смета за пркосење на науката, здравиот разум и барањата на граѓаните.

ЗГ „За наше Кочани“