ЖИТЕЛИТЕ ОД „ИЛИНДЕНСКА“ СО ПОКАНА ДО НАДЛЕЖНИТЕ – ЕДНАШ ПОВОЗЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ВОЗИЛА НИЗ НАШАТА УЛИЦА

ноември 26, 2023
0 минути

Жителите од улицата „Илинденска“ од Кочани по втор пат реагираат оваа година, по она што се гледа на фотографиите, оправдано. Првата мивна реакција со отворено писмо беше кон средината на месец Јули оваа година, но и после четири месеци ништо од нивните барања не беше реализирано затоа деновиве испратија нова реакција во која се вели:

„Кога пред четири месеци реагиравме, се надевавме дека надежните додека тоа го дозволуваа временските услови ќе ја реконструираа нашата улица бидејќи таа е во очајна состојба и е во централното градско подрачје. За жал и од ветувањата во предизборната кампања, ниту после нашата  реакција не се помрдна ништо на улицата. Не сакаме да го пишуваме повторно истиот текст и да кажеме кои се нашите барања, овој пат ќе сакаме да се објават нашите фотографии преку кои ги покануваме надлежните барем еден ден не со нивните службени, туку со нивните приватни возила поминат низ нашата улица па потоа сами нека размислат што и како понатаму“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ