По повод 10 години од постоењето КРА „Нико“ од Кочани денес во спортската сала при ОУ „Никола Карев“ во Кочани организираше семинар во реално аикодо и Државен натпревар во аики демо.
Најпрвин на програмата беше семинарот по кој што следуваше полагање за појаси за да на крајот се одржи и најавениот Државен натпревар.
Гледачите кои во голем број се најдоа на трибините уживаа во сето она што денес им беше презентирано од организаторот и од натпреварувачите.
Членовите на КРА „Нико“во конкуренција на стотина натпреварувачи од клубовите во Македонија освоија вкупно 20 медали од кои 7 златни, 5 сребрени и 8 бронзени.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ