НАТАЛИЈА КАРОВА И ДАРИЈАН ПАВЛЕВ НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТИ НА КОЧАНИ ЗА 2023, СПОРЕД ПОРТАЛОТ „КОМАРЕЦ“

Во Спорт
јануари 19, 2024
1 минути

Според порталот www.komarec.com.mk Наталија Карова (Карате  Клуб „Кочани“) и Даријан Павлев (Боречки Клуб „Спартак“) прогласени се за најуспешни спортисти на Кочани за 2023 година.

Порталот така одлучи а тоа е според постигнатите резултати што ги имале овие млади спортисти во годината што замина а преку целата година беа објавувани на страната.

Наталија Карова освен како освојувач на медали од одржаните домашни и меѓународни турнири, таа на Државното изборно првенство до 21 година се пласира на второто место со што обезбеди настап на Балканското првенство во Словенија. На Карова малку спортска среќа и недостасуваше во плеј-офот за да обезбеди директно учество и на Европското првенство.

Даријан Павлев меѓи многубројните освоени први места на домашни и меѓународни турнири за одбележување е и пласманот на Балканското како и на Европското првенство до 15 година. Павлев е државен првак во неговата категорија а на свеченоста во Прилеп кон крајот на минатата година Боречката Федерација на Македонија го прогласи за борач на годината во категоријата до 57 килограми.

За постигнати врвни резултати и освоени оваа година пет златни медали на големите меѓународни турнири, Европски и Светски првенства во бенч категоријата признанието „Спортска личност на Кочани за 2023 година“ му беше доделено и на Лазар Захариев, еден од најголемите амбасадори на Кочани во изминатите години.

На сите тројца наградени, уредникот на порталот им додели плакети.

На церемонијата Претседателот на БК „Спартак“ – Кочани Зоран Сребренов на уредниците на порталите „Гласно“ и „Комарец“ им ги врачи признанијата кои им беа доделени од Боречката Федерација на Македонија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ