ТЕРЕНСКИ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЦИИ ВО ГРАДОТ

февруари 2, 2024
0 минути

Започнаа теренските работни активности на Општина Кочани во соработка со КЈП „Водовод“ Кочани за расчистување и уредување на дрворедот на улица „Димитар Влахов“ на влезот на градот и околу стадионот „Никола Мантов“.

Се работи на кастрење и сечење дрвја, гранки и диво израснато зеленило, уредување на просторот со механизација од наноси на земја итн.

Ваквите теренски активности ќе продолжат да се одвиваат и во наредниот период на нови локации во градот.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ