КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ: ВМРО ДПМНЕ ГЛУМИ ЛАЖНА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ

февруари 8, 2024
1 min read

Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ имаше време да направи многу во здравството, но наместо да го подобри здравствениот систем истиот го користеше за лично богатење. Цели 11 години владееше хаос во здравството, а клиниките се распаѓаа. Лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациенти и катастрофално лоши услови за работа на здравствениот персонал.

Владата на СДСМ за овие 7 години ја санираше катастрофалната состојба во здравството. Владата предводена од СДСМ го унапредува здравството преку подобрување на условите за престој на пациентите во болница и условите за работа на здравствените работници.

ВМРО-ДПМНЕ денес се обидува да шири неоснована паника, а граѓаните гледаат и сведоци се дека во тек се суштински реформи во здравството.

Само за потсетување, преку транспарентна и отворена постапка, СДСМ реализираше вработувања од 2018 г. до денес  и тоа: 6 специјалисти, 23 доктор на медицина, 6 медицински сестри ВСС, 25 медицински  сестри ССС, 3 акушерки ССС, 2 физиотерапевт ВСС, 1 психолог, 1 електричар ССС, 3 возачи на Итна медицинска помош,  9 чистачи, 1 општ работник,1 лаборант ВСС

Тоа се ниту помалку, ниту повеќе туку  вкупно 81  нови вработувања откако СДСМ ја презеде власта. 16 доктори се испратени на специјализација што е највисока бројка досега. За вакви бројки  на нови вработувања ВМРО не можеше ни на сон да замисли.

Набавено ново амбулантно комбе произведено 2023 г.

СДСМ постојано инвестира во едукација на доктори.  Внесена е и дежурна лабораторија 24/7 . Набавен е апарат комјутерска томографија кој е во тек на инсталација, како и неколку ЕКГ апарати. Постојано се инвестира и во инвентарот и подобрување на условите за пациентите, реновирани се прозорците,набавени нови инвертер клима уреди за сите одделенија.

Да не се занемарува фактот што во текот на 2018 година пративме на специјализација 16 доктори. Периодот на специјализација веќе поминува и нашите оддели се надополнуваат со нови лекари специјалисти. Во текот на 2024  и 2025 година се враќаат лекари специјалисти по интерна медицина, по гинекологија, ортопедија, хирургија, педијатрија, рентгенологија и орл.

Граѓаните кои ги користат здравствените услуги ќе ги почувствуваат бенефитите од зголемениот број на лекари специјалисти.

СДСМ ја  враќа разнишаната доверба во здравствениот систем. Продолжуваме во инвестиција на медицински кадар и со спроведување суштински реформи кои го унапредуваат здравствениот систем.

Продолжуваме …….

Со почит,

Комисија за здравство на ОО СДСМ Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ