ПРЕС НА ОК НА ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ (28.04.2022 ГОДИНА)

април 29, 2022
0 минути

Почитувани медиуми,

Поради неспособната и криминална власт на СДСМ, граѓаните на општина Кочани дури и денес 2022 година ги чувствуваат на свој грб последиците од тие погубни политики.

Претходната локална власт на СДСМ предводена од Николчо Илијев, манипулираше дека буџетот на општината е во полна економска кондиција, но всушност тие само манипулирале, а недомаќинското работење го ставале под тепих далеку од очите на јавноста.

Во 2019 година општината склучила договор со фирмата КОП – инжинеринг за изградба на патот Крушка – Полаки. Изградбата на патот е завршена, квалитетот на асфалтот е спорен, а Николчо Илијев одлучил да не ги плати обврските кон фирмата КОП – инжинеринг. Потоа изведувачот ја тужи општината и си ги бара средствата да им бидат платени според регулираната тендерска постапка. Неодамна на седница на Совет дознаваме дека судкиот процес завршил со донесена пресуда во корист на КОП – инжинеринг.

Лошото менаџирање и неспособноста ја чини општина Кочани 4 милиони денари , пари кои треба сегашната локална власт да ги плати кон фирмата и кон судските инстанци во Република Македонија. Со тие 4 милиони денари во буџетот за 2022 година, беа предвидени изградба на улици во селските средини, изградба на потпорни ѕидови и патишта во Ромското маало, но сега граѓаните ќе треба ги плаќаат грешките на неспособните од минатото.

ВМРО – ДПМНЕ е партија на обичниот народ , ВМРО – ДПМНЕ постои за Македонија. На една страна обичните луѓе на нашата Македонија, а на другата страна неспособната елита од Централната власт која мора да падне.

Претседател на

ОК ВМРО – ДПМНЕ – Кочани

Мирче Стојков