„БРЕРА“ НЕМОЌНА ПРОТИВ РАЗИГРАНОТО „ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 11, 2024
1 минути

Денес во Струмица прволигашот „Брера“ и „Осогово“ го одиграа последниот подготвителен натпревар пред почетокот на пролетниот дел од фудбалското првенство кое започнува следниот викенд.

Натпреварот заврши без победник 1:1 (0:1) но играчите на „Осогово“ се тие што треба да жалат зошто не го нокаутираа прволигашот.

Гостите од Кочани кон средината на првото полувреме го открија резултатот а стрелец беше Дарио Методиевски кој за разлика од есенскиот дел од првенството е со нова поофанзивна улога. Домаќините се мачеа да дојдат до израмнување но „жолто-сините“ денес играа мошне добро и не им дозволија да создадат некоја посериозна шанса за гол.

Во второто полувреме стрелецот на погодокот ;Методиевски можеше уште еднаш да се запише во листата на стрелци, но неговиот удар само ја затресе пречката на домаќините. И кога сите очекуваа „жетварите“ да постигнат и втор погодок домаќините го израмнија резултатот.

„Осогово“ и по примениот гол играше добро и создаваше шанси за гол а најзрелата ја имаше Тоше Манов кој по една убава акција излезе  сам пред домашниот голман но не успеа да го совлада.

На една седница пред почетокот на првенствените натпревари струмичани покажаа немоќ за разлика од гостите од Кочани кои доколку продолжат да играат и во првенството како денес опстанокот во лигата ќе им биде гарантиран.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ