На 12.02.2024 во 05.35 часот во СВР Штип, Е.М.(25) од Кочани пријавил дека на ул.„Стамен Манов“ во Кочани настанал пожар на неговото патничко моторно возило „опел вектра“. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.
На 12.02.22024 во 11.39 часот во СВР Штип, М.С.(33) од Кочани пријавил дека на ул.„Димитрија Лазаров“ во Кочани, настанал пожар во движење во неговото патничко моторно возило „опел астра“. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кочани.
Соопштение на СВР Штип
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ