КАМПАЊАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ПРОДОЛЖУВА СО ЧЕСТИТКА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЖЕНАТА

март 8, 2024
0 минути

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – Кочани, во соработка со Општина Кочани, СОУ „Гошо Викентиев“ и Полициската станица – Кочани  денес ја  продолжи кампањата за безбедност во сообраќајот, во знакот на Меѓународниот ден на жената, 8 Март.

Сообраќајната патрола делеше информативни летоци со пораки за внимателно и безбедно движење и управување на возилата, а во чест на празникот, жените учеснички во сообраќајот добиваа цвет.

Кампањата за внимателно и безбедно учество во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи ќе продолжи и во наредниот период.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ