ПАНЕЛ – ДИСКУСИЈА „ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО КОЧАНИ“

март 11, 2024
1 минути

Општина Кочани во соработка со Здружението „Еко Логик“ – Скопје денеска организираа панел-дискусија на темата: „Одржлив туризам за патување во Кочани“.

Настанот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој говореше за  природните потенцијали на Кочани и можностите за нивно ставање во функција на развој на туризмот, како и за потребата од подигање на свеста за промовирање зелени вештини и професии, особено во секторот туризам.

Пред присутните беа презентирани четири теми. Успешната приказна за одржлив туризам со „Еуро Хотел Градче“ ја претстави Руди Георгиев. Ирена Мирчовска од Еко Тим Исток – Кочани презентираше креирање на туристичка мапа за еко туризам  во Кочани, како и бизнис план за еко туризам, резултат од проектна активност на Еко Тим Исток, а Лазо Димитров од граѓанското здружение „Среќни луѓе“ го претстави проектот „Браната Градче да блесне како езерски бисер“ – проекти поддржани од ЕУ и кофинансирани од Општина Кочани.

Активноста е дел од проектот „Припер“ – Промовирање заштита на природата и учење за климатските промени,  проект кој е  финансиран од Европската Унија преку Еразмус+ програмата KA2 – Партнерства за соработка во областа на младите. Координатор на проектот е Општина Ушак од Турција.

Други партнери во проектот, покрај Општина Кочани се општините Селчи од Италија и Метаморфозис од Грција, потоа Еко Логик – Македонија, Sustainable development Association  од Турција, System Dynamics Italian Chapter – Италија и LATRA Innovation Lab – Грција и Symplexis – Грција.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ