Акцијата за засадување нови садници во Кочани продолжува. Деновиве се озеленија површини во централното градско подрачје, како и на влезот и на излезот во Кочани.
Во текот на вчерашниот ден е оформена зелена ограда од источната страна на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, засадени се земјените површини на повеќе кружни текови, а дополнети се и разделните зеленила. Се засадуваат дрвца од видовите јасен, јавор, јапонска цреша, црвена слива и др.
Службите на Општина Кочани ќе продолжат и во наредниот период со активности за озеленување, со цел да се придонесе за зголемување на зелената маса и за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух. Едновремено се апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата високостеблеста вегетација.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ