По повод 1 Април, Меѓународниот ден на шегата, на платото на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа традиционалната „Априлијада“.
На настанот организиран од Општина Кочани, маскирани дефилираа и настапија деца од Детската градинка „Павлина Велјанова“, Приватната градинка „Амичи“ и ученици од основните училишта во Кочани.
Учесниците, родителите и сите присутни ги поздрави градоначалникот Љупчо Папазов, кој го изрази задоволството што ги гледа најмладите сограѓани во едно поинакво издание, кое иако го крие нивниот вообичаен изглед, не ја сокрива детската радост.
Првоаприлската манифестација ја организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани со средства од Програмата за поддршка на образованието.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ