ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА „ЖЕТВАРИТЕ“ ПАТУВААТ ПО ТРИТЕ БОДА

Во Спорт
април 5, 2024
1 минути

Во Сабота на програмата се натпреварите од 23 коло во Втора Фудбалска Лига. „Осогово“ патува во Македонска Каменица каде го игра еден од позначајните натпревари во првенството. Натпреварот е од големо значење за двете екипи. Победата за домаќините е императив, што е шанса за „жетварите“ да одиграат добар натпревар и да дојдат до трите бода кои ќе бидат од огромно значење во понатамошниот тек од првенството.  Со оглед на близината на двата града на стадионот во Македонска Каменица се очекува голем број на кочанчани да појдат и да му помогнат на „Осогово“ да дојде до посакуваната цел.

Двојки за 23 коло:

„Каменица Саса“ – „Осогово“

„Аресими“ – „Охрид“

„Скопје“ – „Пелистер“

„Вардар“ (Н) – „Беса“

„Караорман“ – „Тетекс“

„Кожуф“ – „Башкими“

„Детонит Плачковица“ – „Победа“

„Новаци“ – „Беласица“

Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ