„БАСКЕТ ДИНО ДЕЛИКАТЕС“ – „РАБОТНИЧКИ 2018“
80: 87 (21:25; 22:15; 19:20; 18:27)
Кошаркарите на „Баскет Дино Деликатес“ изгореа во желбата за победа. Во Кочанскиот „храм на кошарката“ кочанчани сосема заслужено се поразени во вториот полу финален натпревар во Трета Кошаркарска Лига со што го завршија годинешниот поход за влез еден ранг повисоко.
Кога противникот ќе одигра подобро, кога судењето е коректно и според пропозициите, чесно е да им се подаде рака и да им се честита на кошаркарите на “Работнички 2018“.
Во една френетична атмосфера пред околу илјада гледачи започна вториот полу финален натпревар во доигрувањето. Гостите од Скопје посмирено започнаа. Атмосферата на трибините како да не им делување негативно, напротив со смирена и сигурна игра успеаја да ја добијат првата четвртина. „Жетварите“ носени на крилјата на своите верни навивачи не се откажаа од намерата да дојдат до победа па така ја добија втората четвртина и со позитива од 3 коша се замина на полувремето. Третиот квартал донесе изедначена и интересна игра која гостите ја добија со поен разлика и со позитива од 2 коша за кочанчани се влезе во завршницата, каде играчите на „Работнички 2018“ го покажаа својот квалитет и сосема заслужено славеа и отидоа во големото финале.
„Баскет Дино Деликатес“ овде застана но сепак треба да им се оддаде голема почит и поддршка за сето она што го направија во ова првенство.
Убавина е кога токму благодарение на ови млади момчиња ќе се исполни салата до последното место и ќе се вратат сеќавањата од пред 25 години кога тогашниот „Деликатес“ жареше и палеше на кошаркарската сцена во Македонија.
Главата горе, одиме понатака.
Кошевите за „Баскет Дино Делкатес“ ги постигнаа: Илијев 18, Филипов 18, Лазарев 13, Крушарев 12, Крстов 8, Ѕмбов 7, Коцев 4.
С. Ивановски