За Сабота (13.04.2024 година) со почеток во 15:00 закажани се натпреварите од 24-тото коло во Втора Фудбалска Лига. До крајот на првенството остануваат да се одиграат уште седум кола по кои ќе се знае конечниот епилог. На врвот речиси се е познато, но ба дното ќе има борба за секој бод за секој гол бидејќи шест екипи стравуваат за второлигашкиот статус.
„Осогово“ ја пречекува незгодната екипа на „Детонит Плачковица“ која се бори за третото место кое им носи бараж за Прва Фудбалска Лига. Сепак последните натпревари покажуваат дека Радовишани не се во некоја форма па „Осогово“ за кое победата е императив ја гледа својата шанса. Кочанчани ако сакаат и следната година да гледаат второлигашки фудбал ќе мора нивните миленици добро да ги засукаат ракавите, да го остават срцето на теренот и да дојдат до победата. Секој друг резултат освен победа за „жетварите“ ќе има катастрофални последици.
Двојки за 24-тото коло:
„Осогово“ – „Детонит Плачковица“
„Охрид“ – „Новаци“
„Беласица“ – „Каменица Саса“
„Победа“ – „Кожуф“
„Башкими“ – „Караорман“
„Тетекс“ – „Вардар“ (Н)
„Беса“ – „Скопје“
„Пелистер“ – „Аресими“
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ