ТРОЈЦА ЧЛЕНОВИ НА КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ ОБЕЗБЕДИЈА УЧЕСТВО НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО

Во Спорт
април 27, 2024
1 минути

Тројца членови на Карате Клуб „Кочани“ обезбедија учество на Балканското првенство откако денес на Државното првенства за деца од 10 до 13 години освоија едно второ и две трети места.

Првенството се одржа во Гевгелија а на истото учествуваа 250 натпреварувачи од сите клубови во Македонија.

Инаку Карате Клуб „Кочани“ на првенството учествуваше со четири натпреварува од кои за жал само Катерина Стојановска не успеа да се изкачи на пиедесталот бидејќи ја загуби борбата во рапасажот и на крајот го зазеде петтото место.

Лука Златков во категоријата 12 години до 57 килограми го освои сребрениот медал, додека Илина Костадинова во категоријата 11 години до 40 килограми и Душанка Ристова во категоријата 12 години до 40 килограми  се закитија со бронзените медали.

„Задоволен сум од настапот на сите наши натпреварувачи, освоивме три медали а со малку повеќе среќа че го освоевме и четвртиот, но среќата не беше на затраната на Катерина Стојановска. Но тоа е спортот има и вакви порази кои болат, но се и поголем потстрек за повеќе работа. Освојувачите на трите медали обезбедија учество на Балканијадата која од 31 мај до 2 јуни ќе се одржи во Турција. Се надевам дека и таму ќе се покажат во добро светло и дека достојно ќе го репрезентираат нашиот клуб, градот кочани и нашата Македонија.“ беше изјавата на Игор Каров – тренер на КК „Кочани“.

 

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ